Трамп се заглави во лифт во хотел, пожарникари го спасуваа

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп бил спасен од лифт што се заглавил меѓу првиот и вториот кат во хотел во Колорадо Спрингс, јавува локалната противпожарна служба.

Оттаму се наведува дека добиле повик во петокот околу 13.30 часот по локално време да се спасат десетина лица меѓу кои и Трамп, што биле заглавени во хотелот „Мајнинг Ексчејнџ“ во склоп на одмаралиштето „Вајндхам Гранд Хотел енд Спа“, пренесува телевизиската мрежа Си Би Ес. Пожарникарите го отвориле горниот отвор на лифтот и спуштиле скали во кабината, преку кои заглавените лица излегле од лифтот.