Трамп ѝ се закани на ЕУ поради „силно неправедната“ трговска политика

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дела ќе ѝ одговори на Европската унија поради нејзината, како што оцени, „силно неправедната“ трговска политика кон САД.

Трамп побара построго спроведување на трговските правила и минатата седмица потпиша закон за воведување на 30-процентни царини на увозот на соларните панели.

„Имам многу проблеми со Европската унија и тоа би можело да се претвори во нешто многу големо од тој аспект, од аспект на трговијата“, изјави американскиот претседател во интервјуто за британската телевизија ITV.

„Нашите производи не може да влезат. Тоа е многу многу тешко. А тие, сепак, ни ги испраќаат производите нам, без даноци, со многи малку даноци. Тоа е неправедно“, вели Трамп.

„Тие покрај тоа не се единствените. Би можел да именувам многу земји и региони кои тоа го прават. Меѓутоа Европската унија е многу многу неправедна кон САД. И мислам дека тоа ќе биде на нивна штета“, предупредува Трампdonald