четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Трамп ѝ се закани на Венецуела со воена операција

Од Пентагон, пак, изјавија дена не примиле никакви наредби во врска со Венецуела од Белата куќа

© AFP 2017 / Mandel Ngan

© AFP 2017 / Mandel Ngan

Поврзани вести

САД имаат „многу варијанти“ и не ја исклучуваат воената операција за да се реши ситуацијата во Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имаме многу опции (за средување на ситуацијата) во Венецуела. Венецуела не е многу далеку и луѓето таму страдаат и умираат, ние имаме многу варијантни за Венецуела, вклучително, доколку е неопходно, можно е и военото решение“, изјави американскиот претседател Донадл Трамп од Бадминстер, неговото голф одморалиште во сојузната држава Њу Џерси, каде што престојува во работен одмор.

Одговарајќи на прашањето дали Вашингтон ја разгледува можноста за овена интервенција, Трамп одговори „Воената операција, военото решение е, секако, нешто што ние би можеле да го спроведеме“.

Трамп истакна дека воената опција е една од многуте за коишто разговарале членовите на неговата администрација во петокот. Во изјавата за новинарите, покрај него беа и државниот секретар Рекс Тилерсон, амбасадорката при ОН Ники Хејли и советник за национална безбедност Ејџ Ар Мекмастер.

Од Пентагон, пак, изјавија дена не примиле никакви наредби во врска со Венецуела од Белата куќа. „Пентагон не добил никакви наредби“, изјавил портпаролот Ерик Пахон.

Ситуацијата во Венецуела се влоши откако беше формирано Уставотворното собрание кое беше избрано по иницијатива на левичарскиот претседател Николас Мадуро. Опозицијата не го признава ова ново тело, истакнувајќи дека неговото формирање треба да се имплементира преку референдум .

Во петокот венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопез изјави дека е уапсен организаторот на нападот врз воената база „Парамакај“.
„Го информирам народот на Венецуела дека благодарејќи на решителната акција на безбедносните органи се уапсени извршителите и организаторите на вооружениот терористички напад врз 41-та оклопна бригада… Апсењата се изведени во (престолнината) Каракас“, напиша Лопез на Twitter.

Повеќе од 120 луѓе се убиени а илјадници се уапсени во безредијата коишто избувнаа во април на демонстрациите на опозицијата.

Најчитани вести