Трамп се заканува со нови санкции за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 10 отсто на 200 милијарди долари вредниот увоз на кинески стоки со што дополнително ја ескалира трговската војна со Кина.

Во соопштението американскиот претседател Доналд Трамп информира дека побарал од американските трговски претставници да утврдат кои кинески производи ќе бидат подложени на новите царини. Додава дека овој потег е одговор на кинеската одлука за подигнување на царините за увозот на американски стоки.

„Треба да се преземат дополнителни мерки за да се поттикне Кина да ги промени своите нелојалните практики и да отвори пазарот за американските стоки“, вели Трамп во соопштението коешто Белата куќа го објави ноќта кон вторникот по македонско време.

Трамп додава дека Кина очигледно нема намера да ги промени своите „илегални практики на кражба“ на американската интелектуална сопственост и американската технологија. Американскиот претседател појаснува дека Пекинг неодамна ги зголемил повторно своите царини.

„Откако ќе се заврши правниот дел, американските царини ќе стапат на сила доколку Кина одбие да ги промени своите политики, и доколку инсистира на новите царини коишто неодамна ги најави“, вели Трамп.

САД објавија дека во петокот дека од 6-ти јули започуваат со наплатата на арините од 25 отсто на увозот на кинеските стокиу о вредност од 34 милијарди доали според скусената листа на производи од кои се изземени телевизорите и друг потрошуалки стоки. Листата содржи вкупно 818 производи.

Само неколку часа пред објавата на американските царини, Кона порача дека ќе одговори со противмерки. Кина од претходно обави листа на американски производи во изност од 50 милијарди долари на кои би можела да воведе царини, вклучително и сојата, авиони и автомобили. Во следниот чекор ќе биде воведена и увозна давачка и за стоки од сферите на енергетиката, хемиската индустрија и медицинската опрема, со кои ќе се дополни сумата од 50 милијарди долари.

Кина од 6-ти јули годинава ќе воведе увозна давачка во висина од 25 отсто на 659 стоки коишто се увезуваат од САД, објави во петокот кинеското министерство за финансии. Реципрочната мерка е регулирана со Законот за надворешна трговија и друг законски акти. Обемот на стоките за коишто ќе бидат одредени наметите ќе изнесува околу 50 милијарди долари. Царинските давачки за 545 именува стоки во вредност од околу 34 милијарди долари ќе стапи на сила на 6-ти јули. За преостанатите стоки, датумот на стапување на сила на новите трговски мерки ќе биде објавен подоцна.

Покрај тоа Кина ги поништува сите трговски договори со САД. Тоа навестува на почеток на трговска војна од којашто штети ќе претрпи и глобалната економија.

Претходно во петокот Белата куќа објави дека САД имаат намера да наметнат царински давачки од 25 отсто на увезените стоки од Кина во вредност од 50 милијарди долари. Се очекува дека овие намети ќе ги погодат информатичката и комуникациската технологија, роботиката, индустриската опрема, новите материјали и автомобилската индустрија. Со тоа со царините ќе биде опфатена десетина од кинескиот извоз во САД.

Министерството за трговија на Кина претходно изрази протест против ваквата одлика на американските власти, истакнувајќи дека кинеската страна има намера да даде „силен отпор“ како одговор на ваквите акции и ќе преземе мерки коишто ќе бидат соодветни според силата и обемот.

Сѐ посилен е консензусот на републиканците и демократите во Вашингтон, како и поддршката на американската деловна заедница за потезите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со коишто ќе се одговори на она што се доживува како граблива индустриска политика на Кина и на пазарните пречки за работењето на странските компании на кинескиот пазар.

Трамп уште од предизборната кампања трага за поурамнотежени трговски односи со Кина и ги разгледува потенцијалните трговски санкции против Пекинг во рамките на истрагата за кинескиот однос кон интелектуалната сопственост и поради кинеските притисоци врз странските компании да ја трансферираат технологијата. Неговата администрација соопшти дека САД згрешиле кога го поддржале кинеското членство во Светската трговска организација во 2001 година под услови кои не се успеале да ги принудат Пекинг да ја отвори својата економија.