Трамп сепак не е под истрага

© AFP 2017 / Saul Loeb

Правниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата во низата телевизиски интервјуа дека Трамп не е под истрага којашто се однесува на наводното мешање во Русија во американските претседателски избори во 2016 година, додавајќи дека претседателот не добил никакво официјално известува дека е под истрага, но посочи дека во однос на поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми мора да биде спроведена истрага поради истекување информации од истрагата.

Адвокатот Џек Секулоу, кој главен правен консултант на Американскиот центар за сакон и правосудство, со ова ја демантираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter во петокот дека е под истрага поради тоа што во мај го смени директорот на FBI Џејмс Коми.

„Под истрага сум поради тоа што го сменив директорот на FBI кој ја води човек кој ми рече да го сменам директорот на FBI! Лов на вештерки!“, напиша Трамп.

Меѓутоа, Секулоу изјави дека Трамп реагирал на написот на весникот The Washington Post, според кој специјалниот советник на министерството за правда Роберт Мјулер истражува дали претседателот се обидел да ја попречи истрагата сменувајќи го директорот на FBI, Кому во мај.

„Факт е дека претседателот не бил и не е под истрага. Не примивме известување од канцеларијата на специјалниот советник дека претседателот е под истрага“, изјави Секулоу за телeвизијата CBS News.

Трамп во својата објава не истакна на кого мисли, но се чини дека го доведува во прашање интегритетот на заменикот на државниот обвините и министер за правда Род Розенстејн. Овој на 17 мај го именуваше Роберт Мјулер, поранешен директор на FBI, за специјален советник да ја води истрагата за оваа афера.

Розенстејн во мај на Трамп му испрати меморандум во кој жестоко го критикуваше директорот на FBI, Џејмс Коми за истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори но и за злоупотребата на приватната електронска пошта за државни работи од страна на демократската кандидатка и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон.

Мјулер истражува дали некои поврзан со Трамп или со неговата кампања бил во нелегален контакт со руски функционери или други лица поврзани со Москва. Се истражува и дали имало обид да се забошотат можни кривични дела или да се попречи истрагата за нив, изјави во четвртокот неименуван функционер наводно запознаен со истрагата.

Коми минатата седмица на сослушувањето во Сенатот изјавил дека верува оти е сменет поради истрагата за Русија,. Рекол, исто така, дека Трамп наводно барал да се откаже од истрагата поврзана со поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој контактирал со руски дипломати пред Трамп официјално да стапи на должноста. Но овие информации истекоа во весниците.

„Имаме поранешен директор на FBI кој е одговорен за истекување информации добиени во разговор со претседателот на САД. Веднаш по тој разговор тој влегол во автомобил сопственост на американската влада, го земал владиниот компјутер и напишал текст кој го предал на свој другар за да го даде на медиумите. Тоа мора да биде истражено“, изјави Секулоу за телевизијата CNN.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.