Трамп силно се труди да се спријатели со Ким

Американскиот претседател Донадл Трамп силно се труди да стане пријател на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, и во пораката на Twitter се запраша поради што Пјонгјанг го навредува нарекувајќи го „стари лудак“ кога тој Ким никогаш не го нарекол „мал и дебел“.

„Зошто Ким Џонг-ун би ме навредувал нарекувајќи ме ‘стар лудак“, кога јас него НИКОГАШ не би го нарекол ‘мал и дебел’?“, твиташе американскиот претседател Доналд Трамп и додава „Оф, многу се трудам да станам негов пријател – а можеби еден ден и тоа ќе се случи“.

Јужнокорејската агенција Yonhap пренесе дека официјален Пјонгјанг ја критикува азиската турнеја на Трамп.

„Забелешките на стар лудак каков што е Трамп нема никога да нѐ заплашат, ниту да го запрат нашето напредување“, пренесе оваа агенција.

Во рамките на турнејата по Азија, Тамп со лидерите од земјите во регионот разговарапе за безбедноста којашто Северна Кореја ја загрозува со тестирањето на балистичките проектили и со нуклеарните проби пркосејќи им на санкциите ОН.

Во средата во говорот во јужнокорејскиот парламент во Сеул, изјави дека не сака воен судир со Северна Кореја. Но реториката меѓу двајцата челници беше остра изминатите челници кога Трамп на Ким му се закани со „оган и гнев“ и го спореди со филмски ли нарекувајќи го „рокетмен“ кој оди кон самоуништување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.