Свет

Трамп: Сите сириски бегалци би ги вратил во Сирија

Трамп: Сите сириски бегалци би ги вратил во Сирија

Републиканскиот кандидат за претседателска номинација Домалд Трамп изјави дека доколку биде избран за претседател ќе ги врати во Сирија сите бегалци, кои ќе пристигнат во САД.

– Доколку победам тие заминуваат назад, порача Трамп на митинг во Нов Хемпшир.

Трамп со оваа изјава малку го измени претходниот став. Тој на почетокот на минатиот месец за Фокс њуз изјави дека САД би требале да примат повеќе бегалци.

– Слушам дека сакаме да примиме 200 илјади Сиријци. Слушајте, но тие би можеле да бидат Исламска држава, рече Трамп, нарекувајќи ја таа група луѓе „војска од 200 илјади лица“.