Трамп совршено го мина когнитивниот тест

Американскиот претседател Доналд Трамп „извонредно добро“ го минал ненадејниот конгнитивен тест кој ги проверува раните знаци за губење на помнењето и другите невролошки функции, соопшти во вторникот вечерта лекарот на Белата куќа.

Воениот лекар Рони Џексон во изјавата за медиуите истакнува дека претседателот Доналд Трамп добил одлични оцени на споменатиот когнитивен тест кој инаку не се врши рутински во рамките на систематскиот преглед на кој беше подложен американскиот челник минатата седмица, но дека претседателот инсистирал тој да биде направен.

Џексон го направи првиот систематски преглед на американскиот претседател минатиот петок и Белата куќа порано соопшти дека е утврдено дека Трамп е во одлична здравствена кондиција и интелектуална способност, додека деталите за разултатите од прегледот беа најавени за оваа седмица.

Лекарот вели дека немал апсолутно никакви грижи околу когнитивните способности на претседателот но дека го направил овој дополнителен тест на барање на Трамп, алудирајќи дека претседателот го барал овој тест за да ги замолчи шпекулациите од последните седмици во медиумите дека тој наводно не е ментално способен за претседателската функциа.

Џексон, исто така, рече дека претседателот Трамп е висок 190 сантиметри, тежок е 108 килограми и дека е 1,36 килограму потежок отколку што бил во септември 2016 година, кога Трамп последен пат ја откри јавно својата тежина. Тоа значи дека Трамп е непосредно под границата на дебелината. Лекарот вели дека севкупното здравје на амерканскиот претседател е „извонредно“ и дека очекува оти Трамп ќе остане здрав до истекот на неговиот прв претседателски мандат и покрај ограничената физичка активност и брзата храна што ја консумира.

Единствената забелешка на Џексон е телесната тежина на претседателот, и смета оти годинава би требало да ослаби.

На прашањето на новинар како го оценува здравјето на Трамп во споредба со лицата на неговата возраст, Џексон одговори дека претседателот е во најдобрата група.

„По срцевите испитувања неоспорно е дека е во извонредна група. Многу е силен и издржлив. Мислам дека има извонредни гени, таков Господ го создал“, изјави воениот лекар на Белата куќа.

На прашање за начинот на живеење на Трамп, рече дека „не спие многу, во просек четир до пет часови ноќе“, но не сакал да каже колку време минува пред телевизор.

Оговарајќи на прашањето за очекуваната животна возраст на 45-от претседател на САД, лекарот на Белата куча возврати со шега „Најверојатно нема да доживее 200 години…“.