Трамп и Тилерсон продолжуваат со отпуштања во Стејт Департментот

департмент

Почнаа да се остваруваат најавите на новиот шеф на американската дипломатија Рекс Тилерсон, кој веднаш по доаѓањето на фунцијата сигнализираше дека доаѓаат промени во начинот на спроведување на американската дипломатија.

„Не можеме да се држиме до неефикасната традиција пред оптималните резултати “, рече Тилерсон, без да навлегува во детали, поздравувајќи ги присутните во седиштето на институцијата со зборовите „Здраво, јас сум нов човек“.

Една од најгледаните телевизиски мрежи во САД, CBS News јавува дека додека Тилерсон е на своето прво патување во странство како државен секретар, неговите помошници отпуштаат вработени во Стејт департментот. На голем дел од персоналот од седмиот кат на Стејт Департментот, кои работат за заменик-државниот секретар за менаџмент и ресурси, како и вработените како советници денеска им било кажано дека нивните услуги повеќе не се потребни.

Отпуштените од Стејт Департментот претежно служат како врска на државниот секретар со регионалните бироа. Многуммина стравуваат дека ова е политичка пресметка, а не само реорганизација. Постојат јасни сигнали дека многу политики ќе се водат директно од Белата куќа, а не преку “професионалните дипломати“.

CBS News јавува и дека ниту еден претставник на Стејт Департментот не бил вклучен во посетата и средбите на Доналд Трамп со израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху пред два дена во Белата Куќа. Американските медиуми јавуваат дека пред отпуштање е и Кристи Кени, советник на американскиот Стејт Департмент и еден од последните преостанати високи функционери од претходната администрација.

Новиот американски претседател Трамп постојано повторува дека “нашите луѓе” се уште не се поставени во сите институции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.