Трамп тврди дека никогаш не барал од Коми да престане да го истражува Флин

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша во неделата во порака на Twitter дека никогаш не барал од поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, да ја сопре истрагата за неговиот советник за национална безбедност, Мајкл Флин.

Пензионираниот генерал Мајкл Флин е првиот припадник на администрацијата на претседателот Доналд Трамп кој се изјасни за виновен дека лажел пред FBI и се согласи да соработува со сојузната истрага за наводните врски на изборниот штаб на Трамп со Москва, како и за наводното руско мешање во американските претседателски избори во ноември 2016 година.

Џејмс Коми беше сменет од Трамп во мај, по сугестија на министерот за правда и воедно сојузен обвинител и неговиот заменик. Тогаш беше соопштено дека една од причините е лошо водената истрага на FBI за користењето на приватната електронска пошта и приватен сервер за државнички работи од страна на поранешната државна секретарка Хилари Клонтон која беше демократски претседателски противкандидат на Трамп.

Флин, кој беше сменет од должноста во Белата куќа во февруари, откако беше откриено дека на потпретседателот Мајк Пенс не му соопштил за своите контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон пред Трамп официјално да ја преземе должноста, а кој е централната личност во сојузната истрага којашто ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

Неговата канцеларија го обвини Флин дека во документите предадени на вашингтонскиот суд го лажел FBI на 24-ти јануари. Флин на иследниците на Бирото им сокрил дека во декември 2016 година не побарала од рускиот амбасадор во САД да се воздржи од ескалација на ситуацијата откако Вашингтон ѝ наметна санкции на Москва, тврди Мјулер.