Трамп тврди дека Пјонгјанг нема да изведува ракетни тестирања во текот преговорите, Клинтон предупредува

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека Северна Кореја се согласила да не изведува нови ракетни тестирања додека траат преговорите со челникот на оваа земја Ким Џонг-ун, додека неговата противкандидатка од претседателските избори Хилари Клинтон предупреди на „дипломатска опасност“ од состанокот на двајцата челници.

„Северна Кореја не изведе ниеден ракетен тест од 28-ми декември 2017 година и вети дека нема додека траат нашите состаноци. Верувам дека ќе ги почитуваат ветувањето“, напиша Трамп на Twitter.

Нејасно е на кои состаноци мисли Трамп и кога тие ќе се одржат. Јужнокорејските функционери во четвртокот известија дека американскиот претседател се согласил да се сретне со севернокорејскиот челник до крајот на мај.

Белата куќа беше подложена на бран критики поради договарањето на средата со Ки. Во петокот одговори на нив со предупредување дека никакво самите нема да биде одржан додека Пјонгјанг не преземе конкретни чекори кога станува збор за неговата нуклеарна и балистичка програма. Тоа го потврди и портпаролката Сара Сандерс, но не прецизираше какви чекори треба да преземе Северна Кореја за да се одржи средбата.

САД веќе подолг период сакаат одржување на преговори чија цел е да се поттикне Пјонгјанг да се откаже од производство на нуклеарно оружје и развој на ракетното вооружување со кое може да достигне цели на американска територија. Надежите дека тоа ќе се оствари пораснаа во четвртокот кога Доналд Трамп објави дека е подготвен да се сретне со Ким Џонг-ун.

Но поранешната државна секретарка и неуспешен претседателски кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон, претходно во саботата изјави дека администрацијата на претседателот Трамп „не ја гледа опасноста“ во разговорите коишто има намера да ги започне со севернокорејскиот режим.

„Доколку сакате да расправате со Ким Џонг-ун за неговото нуклеарно оружје, потребни ви се искусни дипломати. Потребни се луѓе кои се добро запознаени со целиот случај и знаат како да ја ‘дешифрираат’ Северна Кореја, како и јазичниот код на таа земја“, појаснува Клинтон во интервјуто во холандскиот весник Algemeen Dagblad објавено во саботата.

Смета дека Стејт департментот по доаѓањето на власт на Трамп загубил многу дипломати

„Не останаа многу кои се во состојба да преговараат со Пјонгјанг, а не можете да имате дипломатија без дипломати. Таа опасност владата на Трамп не ја препозна“, смета Клинтон.