Трамп вели дека не може да се знае дали Русија е вмешана во американските избори

© AP Photo / Alex Brandon

Ден пред својот прв состанок со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека не може со сигурност да се знае дали Русија се вмешала во американските претседателски избори од 2016 година, но оти тој се сомнева дека.

Во изјавата за новинарите во Полска, Трамп ја минимизираше важноста на процените на американските разузнавачки служби дека Русија наводно се мешала во изборите хакирајќи ја електронската пошта на Демократската партија и ширејќи пропаганда на интернет.

„Мислам дека тоа била Русија, но мислам дека веројатно биле други луѓе или/и други земји, и не гледам ништо погрешно во таа изјава. Никој навистина не знае. Никој навистина не знае со сигурност“, рече американскиот претседател.

Москва повеќепати повтори дека не се мешала, а Трамп истакнува дека членови на неговата кампања не биле во дослух со Русите.

Трамп во петок ќе се сретне со Путин на маргините о самитот на групата Г20 во Хамбург. Тоа ќе биде нивниот првиот официјален состанок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.