среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Трамп: Веројатно нема да имам пријателски однос со Камерон

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите во САД веројатно нема да има добри односи со британскиот премиер Дејвид Камерон, поради критиките кои му ги упатувал претходно, пренесува МИА.

tramop

Поврзани вести

Британскиот премиер минатата година, по предлозите на Трамп да им се забрани влез на муслиманите во САД, истакна дека тој со своите изјави предизвикува поделба, дека е „глупав“ и прави грешки.

Камерон, исто така, нагласи дека ако Трамп дојде во Британија ќе ја обедини земјата против него.

Веројатно нема да имаме многу пријателски односи, кој знае, но ми делува дека ниту тој не е подготвен за тоа, истакна републиканскиот кандидат.

Запрашан за британското членство во ЕУ, Трамп изјави дека на Британија би и било подобро да излезе од тој блок, додавајќи дека сепак одлуката за тоа треба да ја донесе народот.

Најчитани вести