Трамп вети 300 милиони долари за борба против гладот

ФОТО Vatican - L'Osservatore Romano

Американскиот претседател Доналд Трамп му ветил во средата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, дека ќе ангажира во борбата против гладот и ќе додели сума од 300 милиони долари за таа цел.

Доналд Трамп го повторил ангажирањето на Соединетите држави во справувањето со гладот во светот, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на Белата куќа во врска со денешната средба на американскиот претседател со папата Франциск во Ватикан.

„Како што соопшти Ватикан, САД со гордост најавуваат буџет поголем од 300 милиони долари за борба против гладот, особено во Јемен, Судан, сомалија и Нигерија“, се додава во соопштението.

Според Свеската програма за храна (WFP), повеќе од 20 милиони луѓе живеат во областите погодени со долготрајната суша во Нигерија, Јужен Судан, Сомалија и Јемен, каде што владее глад во текот на најлошата криза во последните половина век. Во Нигерија WFP достави помош од 1,2 милиони долари, но уште недостигаат пари.

Уште 600.000 лица се под закана од глад, а тие се недостапни во близина на границата меѓу Нигер и Чад, поради судирите кои се во тек со исламистичките бунтовници.

Од WFP велат дека им се потребни 230 милиони американски долари во периодот меѓу мај и октомври само за справувањето со гладот во Нигерија.

Пред десет дена канцеларијата на Обединетите нации во Женева најави дека оваа година ќе бидат потребни 1,4 милијарди долари за помош на 1,8 милиони бегалци пред гладот, сиромаштијата и војната во Јужен Судан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.