Трамп за Путин: Тврд орев е, не знам што прави

Претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече неговиот руски колега Владимир Путин „тврд орев“, пренесува „Спутиник“.

Американскиот претседател во интервју за Фокс њуз го замолиле во два збора да опиште лица од политиката и забавата.

Измеѓу останатите, го прашале како би го окрактерзирал Владимир Путин.

„Не го познавам, но сигурно е тврд орев. Не знам што прави за Русија, но во некој момент ќе дознаеме“, вели Трамп.

Претседателот ги коментирал и зачестените напади на Демократската партија на неговата администрација.

„Тоа што се случува во Вашингтон е ужасно. Ние имаме одреден број на луѓе кои се занимаваат со протекување информации… Тие едноставно не го почитуваат законот и ние мораме тоа да го промениме“, вели Трамп.

На прашањето дали поранешниот претседател Барак Обама би можел да биде режисер на таа кампања , Трамп одговорил „се’ е можно“.