Трамп забрани влез за бегалци во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе уредба со којашто се забранува влез во САД на сите бегалци во рок од четири месеци, додека на оние од Сирија на неодредено време. Уредбата е со цел да се спречи влез на “радикални исламски терористи“, јавуваат светските агенции.

Трамп вели дека неговата администрација сака ригорозен надзор над бегалците и посетителите од одредени земји за да се спречат терористички напади.

„Сакаме да увериме дека нема да дозволиме закани за нашата земја“, вели Трамп.

Според неговите зборови, застојот во програмата за бегалци е неопходен со цел на владините агенции да им се обезбеди време за да направат строг систем на проверка. Меѓутоа, не објаснил кои дополнителни чекори очекува да бидат преземени од државните агенции.

Како што се наведува, САД, во текот на суспензијата на програмата би можела да се раководи според систеот „од случај до случај“, а Владата би можела да продолжи да процесуира барања од луѓе кои тврдат дека се верски прогонувани.

Трамп претходно во интервју за Си-Би-Ен њус изјави дека прогонувани христијани треба да имаат приоритет при решавање на бегалскиот статус.

„Ќе  им помогнеме, тие се ужасно третирани“, вели Трамп.

Во уредбата не се споменува план за создавање безбедносни зони во Сирија и околните земји коишто Трамп претходно ги споменуваше.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.