Трансформиран работниот однос за околу 8.000 лица вклучени во образовниот процес

По донесувањето на Законот за трансформација на работниот однос, деветстотини лица ангажирани во областа на образованието го трансформираа работниот однос на неопределено време. Досега, работниот однос е трансформиран за околу 8.000 лица коишто се вклучени во образовниот процес.

Како што истакна заменик минситерот за образование и наука Спиро Ристовски, Министерството за образование и наука, и претходно вршело транформација соодветна на законите донесени пред околу 5 години.

-Со последниот закон за транформација, во рамки на МОН беа извршени транформации на околу 900 лица, со што кумулативно заедно со претходно извршените транформации на над 7.000 лица во рамки на образовниот систем во Република Македонија, можам на констатирам дека сме дојдени до бројка од приближно 8.000 лица, истакна Ристовски.

Како што посочи Ристовски, на овој начин се обезбедува зголемена сигурност, гаранција и зголемен мотив за работа на сите луѓе кои добиле решение за трајно вработување, во рамки на образованиот систем, независно дали станува збор за вработени во рамки на педагошкиот процес или административно стручен кадар кој помага во реализацијата на активности на МОН.

Согласно измената на Законот за работните односи во 2009 година, со која трансформација на работен однос од определено на неопределено време започна да се врши на лица кои работат најмалку 5 години на одредено работно место, а потоа и со измената од 2011 година кога трансформацијата започна да се врши и на лица со 2 години стаж на одредено работно место, па до сега, работниот однос го трансформираа приближно 7.000 работници во образовната сфера.

Трансформираниот работен однос придонесува кон поквалитетна образовна понуда и поквалитетно пренесување на знаењето на самите ученици.