Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми и организирано

Состојбата со мигрантите во Гевгелија е вратена во нормала
Состојбата со мигрантите во Гевгелија е вратена во нормала

Транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница на Македонија во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано.

Состојбата на границата нормална

Ова, како што пренесува МИА, е потврдено на координативниот состанок во Гевгелија. На состанокот било констатирано дека состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и АРМ.

Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми и организирано

Според проценките на УНХЦР, во прифатниот камп синоќа пристигнале околу 2.000 бегалци кои по задржување од три до четири часа со два вонредни воза заминале за Табановце.

Уште два воза со околу 2.000 мигранти утрово тргнале од железничката платформа кај прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце.

Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми и организирано
Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми и организирано

Прифатниот камп функционира беспрекорно. Во евиденцијата на мигрантите помагаат активисти од граѓанското здружение „Млади правници“, а Здравствениот дневен центар и пунктот на Црвениот крст во кој дневно се даваат по педесетина интервенции, работат деноноќно. Бројните меѓународни и домашни невладини организации ценат дека бегалската криза е канализирана и дека во магацините има доволно залиха на храна и вода за бегалците. Сепак останува апелот до сите кои сакаат да им помогнат на бегалците да донираат храна и вода затоа што никогаш не се знае во колкав број ќе пристигнат во прифатниот камп во Гевгелија, пишува МИА.