Транспортен брод се насука на брегот на Велика Британија

Екипаж од 25 членови е спасен денеска од транспортниот брод долг 180 метри, кој превезувал автомобили а кој се насука кај Солент, во Велика Британија.

Како што пренесува Би-Би-Си, членовите на екипажот се здобиле со помали повреди, и веднаш по спасувањето се префрлени во болница.

Бродот е регистриран во Сингапур, а пловел од Саутемптон за Германија.

Во спасувачката акција учествувале повеќе бродови и хеликоптери на крајбрежната стража, а Би-Би-Си дополнува дека бродот сега се појавува од водата под агол од 45 степани.

фото: BBC

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.