Транспортерите од „Фени” не постигнале договор со претставниците на „Џи Сол”

Tранспортерите од здружението „Кипер“ кои побаруваат околу четири милиони евра од Фени велат дека претставниците на „Џи Сол“ не го одржале нивното ветување дека долгот ќе им биде вратен целосно туку дека им понудиле дел да им биде исплатен сега а дел потоа на рати.

Транспортерите изјавија дека не постигнале договор со претставниците на „Џи Сол“ околу барањата кои ги имаат.

„Претставниците на ‘Џи Сол’ не го одржаа своето ветување дека ќе го вратат долгот на транспортерите кои го имаат пријавено како побарување во стечајната постапка за ‘Фени’, преку ‘Нова логистик’ Кавадарци. На вчерашниот состанок со вицепремиерот Анѓушев беше договорено да не исплатат во целост, а не како што кажаа денес на состанокот, да платат дел, а другиот дел на некои рати. Ние не се согласуваме на тоа и нема ништо од тој договор. Утре ќе имаме пак состанок и од понеделник ќе продолжиме со блокади. Вицепремиерот им кажа ако немате пари да исплатите на транспортерите да си одите дома, има други фирми кои сакаат да го купат
‘Фени’”, нагласи Трајче Пејовски, претседател на Здружението.

Транспортерите велат додека не им се исплати целосно долгот нема да престанат со блокади и протести.