Спорт

Трапатони е новиот селектор на Брегот на Слоновата Коска

Трапатони е новиот селектор на Брегот на Слоновата Коска

Искусниот италијански стручњак, Џовани Трапатони јавно се пофали дека за неколку недели и официјално ќе биде именуван за нов селектот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска.

„Се ќе биде официјално за неколку недели, но можам да потврдам дека ќе ме именуваат за нов селектор на Брегот на Слоновата Коска. Во исто време добив примамлива понуда и од Фудбалската федерација на Мароко. Убаво размислив пред да ја донесам конечната одлука. Ја прифатив понудата на Брегот на Слоновата Коска. Дидие Дрогба? Станува збор за одличен фудбалер, но се во свое време”, изјави Трапатони.