Траснкрипт: Еве како работеле елитните проститутки

Институциите вклучени во истрагата од Романија работеја на случајот со елитната проституција за да ги откријат деталите врзани за луѓето кои на било кој начин учествувале. Покрај тоа што ги прислушувале, властите влегувале во профилите на девојките на социјалните мрежи, за да се разоткрие овој актуелен вид проституција. 

elittttt_3

Овие транскрипти кои беа објавени во романските медиуми на 11-ти февруари  датираат од ноември минатата година. Во разговорите помеѓу Лавинија Деспина и Дениса Бит, полицијата открила многу за тоа како функционира овој „систем зад кулисите“.

elittttt_2

Тие разговарале пред состанокот со еден оженет маж, а за време на разговорите било јасно дека не се вознемирени од фактот дека тој има сопруга, затоа што договорите поврзани со храната и плажата во тој миг биле многу поважни од било кое друго морално начело.

Лавинија: Да се разбереме, тоа е вила со 700 лица!

Дениса: Уау!

Дениса: Ќе се јавам да кажам дека мора да одиме вечерва, може?

Лавинија: Да, ама утре ќе одиме залудно, затоа што кога ќе одиш кај него на пијачка, не се случува секогаш нешто.

Дениса: Аха.

Лавинија: Можеме да прашаме за пари да имаме утре за на плажа.

Дениса: Да.

Лавинија: А утре ќе му се јавиме…

Дениса: Даааа…

Лавинија: Тоа се само пари за храна, знаеш? Јас сакам разни нешта.

Дениса: Можеби ќе се случи нешто вечерва, па ќе земеме пари.

Лавинија: Не верувам дека „тоа“ ќе се случи вечерва. Прво ќе одиме на пијачка, потоа ќе нарачаме некоја храна најверојатно. Потоа ќе биде премногу доцна, па тој ќе си оди дома. На вечера! Со сопругата!

фото: Kurir.rs