Трејлер за „Game of Thrones“ шеста сезона (ВИДЕО)

HBO конечно го објави својот прв целосен трејлер потполно исполнет со снимки од престојната шеста сезона.

После многу тизери и кратки извадоци од што може да очекуваме од следните поглавја од приказната, сега конечно имаме еден солиден видео приказ.

Борбите во светот на „Game of Thrones“ ретко запираат но оние кои допрва следуваат се поопасни од било што досега.

Трејлерот го исполнува она што претходните тизери го зборуваа. Трите големи куќи во серијата (Старк, Ланистер и Таргериен) навистина се под значителна опасност која се чини дека е уште поголема овојпат.

Трејлерот навистина ќе ве изненади и возбуди со текот кој го завзема серијата како резултат што следува по претходната сезона, меѓутоа и со вклучувањето на некои ликови кои одамна ги немаме видено, а сигурни сме дека ќе ве натераат да си правите одредени предвидувања за што би се случило понатаму со нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.