Тренерот на Шалке разочаран од срамниот натпревар

Предводникот на германскиот бундеслигаш Шалке, Јенс Келер, на најоригинален начин обајсни како се чуствувал после срамниот пораз од Реал (М) во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони.

“Помладите фудбалери научија една многу важна лекција. Дрекслер, Мајер, Колашинац и Матип научија дека во ваквите натпревари најважна е концентрацијата, дека секоја грешка скапо се плаќа. За жал ние направивме премногу греши и истите скапо ги плативме. Колашинац е веќе во болница, најверојатно има скршена вилица. Боатенг е посериозно повреден, а Роман има проблем со повреденото колено. Срамен натпревар, така го доживувам овој дуел против Реал (М). Игравме добро се до првиот погодок на Реал (М). Потоа направивме премногу грешки, а Реал (М) не покажа милост”, изјави Келер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.