Тренов: Негрижата за земјоделците,Николовски се обидува да ја покрие обвинувајќи ме мене за неисплата на субвенциите за тутунарите

Гледам дека новиот министер за земјоделство негрижата за земјоделците и не носење на одлука за 100 процентно обештетување на земјодеците од Росоман и од цела Макеоднија за штетата на праските (ВМРО-ДПМНЕ ги обештети земјодеците од Пелагонија во 2016 и од скопско 2017 ги обештети 100 отсто) се обидува да ја покрие со менување на темата обвинувајќи ме мене за неисплата на субвенциите на тутунарите, а фб хиените веднаш навалија на мене (на некои и лично сум им помагал), напиша на Фејсбук директорот на ЈП Водостопанство, Ромео Тренов.

„Океј, гледам дека новиот министер за земјоделство негрижата за земјоделците и не носење на одлука за 100 отсто обештетување на земјодеците од Росоман и од цела Макеоднија за штетата на праските (ВМРО-ДПМНЕ ги обештети земјодеците од Пелагонија во 2016 и од скопско 2017 ги обештети 100 отсто) се обидува да ја покрие со менување на темата обвинувајќи ме мене за неисплата на субвенциите на тутунарите, а фб хиените веднаш навалија на мене (на некои и лично сум им помагал). Ајде сега да разјасниме. Минатиот вторник во министерството за земјоделие имаше состанокот по барање на Љупчо Николовски на кој бев присутен и јас.

На состанакот истакнав дека АД Водостопанство, односно неговите подружници немаат пристап во системот и не можат да ги ажурираат податоците. Поради тоа самиот тој предложи ажурирањето да се прави преку подрачните единици на министерството. Според договореното, луѓе од АД Водостопанство и подрачните на министерството уште од наредниот ден почнаа со работа. Четири подружници до петок целосно ја завршија работата, а останатите очекуваме утре, а најдоцна до вторник да ја завршат работата.

На состанокот имаше седум лица вклучувајќи ме и мене и него. Ама тоа е кога некој е без образ нема помош“ , се вели во Фејсбук статусот на Тренов.

„Сега гледаме дека повторно се однесуваат како што се однесуваа во 2002 година кога дојдоа на власт. Ништо не преземаат за државата, се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ. Гледаат како да го растурат ВМРО-ДПМНЕ, истото што го правеа и во 2002 година“, истакна Србов.

Според него, секое одење на кој било член на партијата во суд, за нив ќе биде голема приказна.

„Нив не ги интересира дали некој ќе биде виновен или не. Не ги интересира правда, ги интересира медиумска приказна. Целата политика им се сведува на тоа“, потенцира Србов.

Истакнаува дека сето тоа што било ветено во програмата пред изборите ќе биде исполнето кога ќе заврши мандатот, или кога ќе си заминат од власта.

„Сетоа тоа што го ветуваа, како плата од 30.000 денари искочи дека нема да биде кога ќе дојдат на власт, туку кога ќе заврши мандатот, или кога ќе си заминат од власта. Истото се случува и со докторите и платата од 100 илјади денари, истото на крајот ќе се воспостави и со влезот на Македонија во НАТО, освен ако не преземат некои радикални чекори, бидејќи знаеме од што зависи влезот на Македонија во НАТО“, посочи политичкиот аналитичар.

Србов додаде дека ВМРО-ДПМНЕ кажа оти такви закони нема да дозволи да бидат спроведени.