Тренов: Заев и Николовски ги измамија земјоделците

Ниедно од ветувањата што СДСМ им ги даваше на земјоделците досега не е исполнето, тие едноставно се излажани од премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделие Љупчо Николовски, констатираше во четвртокот Ромео Тренев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветија етија зголемини субвенции, а Зоран Заев најави дека истите ќе се кратат. Им вети загарантиран откуп на нивниот приозвод, а гледаме дека земјоделците својот род се приморани да го фрлаат по ѓубриштата или да го продаваат по багателна цена“, рече Тренов.

Потсети дека Заев и Николовски пред парламентарните избори од ланскиот 11-ти декември им ветуваа на оризопроизводителите дека нивниот род ќе има загарантиран откуп по цена од 25 денари оризова арпа и 50 денари бел ориз, меѓутоа кога сега треба да го продадат својот род се соочуваат со слаб откуп и многу пониски цени за него од она што Заев и Николовски го ветуваа пред изборите.

„Земјоделците по којзнае кој пат се излажани и изманипулирани од страна на СДС за некој политички поен. Дали ова е начинот на кој СДС кажуваа дека ќе се грижат за земјоделците и дека земјоделците ќе им бидат приоритет кога ќе дојдат на власт. Зоран Заев и СДС единствено што направија во овие 4 ипол месеци е само укинување и ниту една нова мерка за земјоделците која ќе им биде од полза. Сево ова граѓаните го видоа. Вакавата политика на СДС и Зоран Заев ќе биде делигитимирана на 15-ти октомври. Земјоделците заслужуваат подобри услови“, рече Темов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.