Тренов: Животот ветуван од Заев на свој грб најлошо го почувствуваа земјоделците

„Животот“ којшто го ветуваше власта на СДСМ и премиерот Зоран Заев на свој грб најлошо го почувствуваа земјоделците, рече на прес-конференцијата во вторникот Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ .

„Со недели трае агонијата на производителите на пиперки од пелагонискиот регион кои не може да обезбедат откуп на над 1000 тони пипер од сортата Куртовска капија, а министерот за земјоделие и целокупната влада мува не ги лази. Селективно се откупувале пиперките, по партиска линија , но и на нив им се нудат откупни цени од 3 до 5 денари, сума која што не може ниту вложеното да им го врати. Само за споредба ланската година цената изнесуваше 8 до 10 денари по килограм. Затоа денес на земјоделците им е поисплатливо да ги фрлат, отколку да добиваат навредлива сума на пари. Да биде уште поскандалозно една од фирмите што вршат откуп е фирмата „Трго-продукт“ на кланот Заеви кои на секој можен начин ги давалвира земјоделците од пелагонискиот крај. Еве го најдобриот показател за нивната негрижа за потребите и стандардот на граѓаните. Ова е лажното душегрижништво на СДС“, рече ренов.

Посочиа дека, за жал, повторно се вратиле времињата на транзицијата кога земјоделците беа маргинализирана категорија, кога никој не им го вреднуваше трудот и кога постоеше неизвесност секоја нова сезона.

„Повикуваме Владата веднаш да интервенира, да изврши контрола на откупувачите и на итна седница да предвиди дополнителна парична помош по по единица површина. На овој начин Владата на СДС ќе покажат вистинска грижа и одговорност кон земјоделците, во спротивно земјоделството во државата ќе тоне, а фирми како „Трго продукт“ ќе остваруваат екстра профити на судбината на илјадници земјоделски семејства во државата“, нагласи Тренов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.