Треска се излеа во околината на Македонски Брод

Реката Треска почна да се излева на подрачјето на Македонски брод, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Во општините Македонски Брод и Пласница на одредени места се појавуваат почетни излевања на речното корито на Треска, а со понатамошното покачување на водостојот на водата се зголемуваат и опасностите од поплавување на земјоделските површини и објекти кои се наоѓаат во непосредна близина на реката.

Регионалниот пат Прилеп- Охрид во моментов е затворен за сообраќај поради појавата на одрон кај тунелот над Битола.

Во поодените подрачја, Дирекцијата преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на теренот и во случај на потреба и барање на локалната самоуправа е подготвена со своите вработени и мобилизирање на единици за брз одговор и ангажирање на потребна механизација да излезе на терен и помогне во справувањето со временските непогоди.