Третиот бомбаш самоубиец што се разнесе пред Стад де Франс поминал низ Грција

Третиот бомбаш самоубиец што се разнесе пред Стад де Франс во Париз на 13-ти ноември се идентификуван од страна на Би би Си како бегалец кој пристигнал на грчкиот остров Лерос заедно со другиот напаѓач кој беше идентификуван како Ахмад ал Мохамед.

Француската полиција објави фотографија од третиот бомбаш самоубиец и побара помош за да се идентификува лицето.

bombash-tret-2

Би Би Си ги разгледа документите на пристигнување на ал Махмуд, кој пристигнал на островот Лерос на 3-ти октомври и открила дека фотографијата е идентична со онаа објавена од страна на француската полиција.

Махмуд влегол во ЕУ заедно со уште еден напаѓач наводно со името Ахмад ал Мохамад, чијшто сириски пасош беше најден во близина на местото на нападот.

Махмод го напуштил островот Лерос заедно со ал Мохамед и други сириски бегалци. Билал Хадафи, првиот бомбаш самоубиец што се разнесе во близина на Стад де Франс и кој беше идентификуван е француски државјанин кој живеел во Белгија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.