Трет циклус саеми за вработување од 18 мај

Од 18 мај започнува третиот по ред циклус саеми за вработување на кој работодавачите ќе ги претстават нивните потреби за вработување, а невработените ќе имаат можност непосредно да се информираат за условите за вработување.
Саемот ќе трае до 15 јуни, а во овој временски интервал вакви настани ќе се реализираат уште во пет градови – Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Струмица.

Досега се одржани два циклуси саеми за вработување на кој учествувале 734 работодавачи. Резултирале со најмалку 2.500 вработувања. Саемите биле посетени од над 79.000 посетители кои доставиле 21.190 биографии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.