Трет ден блокада на граничниот премин Богородица-Евзони

Трет ден продолжува целосната блокада на граничниот премин Богородица-Евзони кон Грција поради штрајкот на грчките земјоделци.

Како што информираа македонските гранични органи, се уште од страна  на синдикатот на грчките земјоделци нема официјална информација до кога ќе трае блокадата на патот.

Грчките земјоделци со земјоделска механизација од 30 јануари го блокираат патот кон Солун и воопшто не се пропуштаат возила.