Трет ден гаснење на пожарот околу Чернобил

Трет ден гаснење на пожарот околу Чернобил
Трет ден гаснење на пожарот околу Чернобил

Веќе трет ден украинските пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој избувна викендов во забранетата зона околу нуклеарната централа Чернобил.

Продолжува гаснењето на шумскиот пожар, кој зафати површина од околу 60 хектари. Во седум часот утринава ситуацијата е под контрола, потврди украинската служба.

Во гаснењето на огнената стихија учествуваат 99 лица и 27 технички единици, вклучувајќи три противпожарни авиони и еден хеликоптер.

Претходниот голем пожар во забранетата зона избувна на 29 јуни во истиот шумски комплекс, откако се запалила сува трева. Тогаш огнот зафати површина од околу 130 хектари.

Трет пожар во близина на Чернобил

Пожарот што веќе деветти ден беснее во реонот на хаварисаната нуклеарна централа Чернобил во Украина создава опасност од ширење на радијација на поголеми далечини, изјави Татјана Тимочко, шефица на Сеукраинска еколошка унија, пренесе тогаш ТАСС.

Пожарот во оваа зона е многу опасен, особено при моменталните метеоролошки услови. Високата температура на воздухот поттикнува оган. Се појавуваат нови и нови мали пожари. Опасноста се крие во тоа дека при горење на сува вегетација и на дрвја согорува горниот слој на почвата, каде се наоѓаат скриени со години радионуклиди, истакнал Тимочко.

Според неа пепелта што се носи од ветерот создава опасност од ширење на радијација на големи површини.

Се разбира концентрацијата на радијација надвор од епицентарот на пожарот може да биде во дозволените рамки, но во регионите што се блиску до пожарот тоа е сериозна закана бидејќи луѓето може да конзумираат контаминирани хранливи производи, предупредува екологистката.

 

 

На 19. јуни во мртвата зона околу Чернобил се запали сува трева и вегетација. Првично пожарот зафати 1.300 декари, а сега горат вкупно 52 декари.