Трет ден протести во Хонг Конг, тензиите се намалуваат

Протестите во Хонг Конг траат веќе трет ден, а тензиите се намалуваат.

Лидерот на Хонг Конг, Леунг Чун Јинг во текот на вчерашниот ден именуваше одговорно лице за преговорите во име на владата со студентите кои протестираат.

Неговата одлука допринела за намалување на тензијата и вечерта меѓу четвртокот и петокот поминала мирно.