Трет конвој со руска хуманитарна помош пристигна во Доњецк

Трет конвој со руска хуманитарна помош пристигна во Доњецк, а патувањето минало без проблеми.

Во колоната има околу 200 возила, кои превезуваат прехранбени продукти за жителите на југоисточна Украина, вклучувајќи зрнести култури и конзерви, а исто така и агрегати, лекови, топла облека и флаширана вода за пиење, со што вкуниот товар што го носат изнесува две илјади тони.

Ова е третата колона со руска хуманитарна помош за југоисточна Украина. Со првите две во Луганск беа доставени вкупно четири илјади тони хуманитарна помош.

Меѓународниот црвен крст достави вчера 60 тони храна во Луганск.

– Помошта претставува дополнување кон товарот, донесен изминатите недели од Русија и други места за потребите на зоната, која е под контрола на проруските сепаратисти, се наведува во соопштението на Црвениот крст.