Трет Саем за високото образование во САД

Во рамките на турнејата низ Југоисточна Европа за образование во САД, 14 претставници од американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина.

– Претставниците на високообразовните институции ќе се претстават на саемот во Скопје и ќе одговараат на прашања на студенти и родители во врска со академските програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош, информираат организаторите.

Оваа турнеја, како што се посочува, се организира по трет пат, по успехот во 2014, кога дојдоа повеќе од 2.000 посетители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.