Трет украински хеликоптер соборен во Славјанск

Украинската војска започна специјална операција против активистите кои се борат за автономија во градовите во истокот на Украина.Трет украински хеликоптер МИ-24 е соборен над источниот град Славјанск. Двајца украински војници се убиени, а еден пилот е заробен. Во Доњецк, сепаратистите ја зазедоа железницата.

Проруските сили ја напуштија денеска канцеларијата на обвинителството и ТВ центарот во источниот украински град Лугански, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.
Проруските демонстранти ја заземаа зградата на Обвинителството на 29 април, но во таа акција никој не беше повреден, потстетува Итар тас.

Украина им забрани на руските авиони да слетаат во Доњецк и Харков, јавува телевизијата НТВ.
Во специјалните операции на украинските сили во Славјанск на југоистокот на земјата учевствуваат и странци, изјави денеска еден претстваник на проруските Самоодбранбени сили во овој град.