Трета еден -два победа за Мерцедес

Британскиот пилот Луис Хамилтон (Мерцедес) ја забележа третата последователна победа во Формула 1, откако триумфира и на трката за ГН на Кина.

Хамилтон, кој претходно славеше во Малезија и во Бахреин, во Шангај дојде до 25-та победа во кариерата и тоа со време од 1:35:09.751 часа. Второто место, со 19 секунди заостанување, го зазеде неговиот тимски колега Нико Розберг, додека на нив двајца на подиумот им се придружи Фернандо Алонсо од Ферари.

Хамилтони Розберг на Мерцедес му ја донесоа и третата едно по друго двојна победа, што претходно му успеа само на Ферари во 2004 година.
Зад најдобрата тројка на трката заврши возачот на Ред Бул, Даниел Рикаирдо, кој беше подобар од клупскиот колега Себастијан Фетел кој заврши на петтата позиција.