Трета масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет

Во Спортско рекреативнот центар на езерото Треска во Сарај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска ја организира третата масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет.

Присутни ќе бидат 350 до 400 лица со телесен инвалидитет од 17 градови во државата.

– Средбата се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“ со што сакаме да испратиме порака дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено како наше право и обврска на општеството кон нас, велат организаторите.

Целта е и да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет, како и нивната целосна интеграција во социјалниот, економскиот, културниот и политичкиот живот на заедницата.

МИА