вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

Трета победа за Вардар во три дена

513

Последни вести

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и третата победа во три дена. Попладнево во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ совладана беше екипата на Прилеп со 49:24 (26:14).

Ова е првиот натпревар од 5. коло од плеј офот.

Претходните два дена „црвено-црните“ славеа победи во одложените дуели против Металург во средата и против Макс Струмица вчера.

Вториот натпревар од оваа рунда меѓу Охрид и Работнички се игра утре во терминот од 19:30. Двете екипи досега немаат освоено бод, а последниот натпревар од ова коло се игра во недела од 12 часот каде Металург е домаќин на Макс Струмица во салата во Автокоманда.

На табелата Вардар е прв со 15 бодови, а следат Металург 9, Макс Струмица 9, Прилеп 6, Охрид 0 и Работнички 0.

Најчитани вести