Трета жртва од студот во Албанија

Екстремно ниските температури во Албанија ја однесоа и третата жртва, јави МИА.

Станува збор за чувар на кафуле чие безживотно тело било пронајдено на работното место на улицата „Каваја“ во Тирана од страна на неговата сопруга. Според лекарите жртвата починала од инфаркт поради големиот студ.

Ден пред Новата година беа рагистрирани две жртви во подрачјето на Корча, кај кои смртта настанала како последица на студот. Седумдесет годишен жител на Корча беше пронајден паднат на улица додека педесет и три годишен жител на селото Брачај во близина на домот од страна на неговите најблиски.

Поради ниските температури и големи снежни врнежи повеќе делови на Албанија се без електрична енерија, а многу планиски села се завеани. Националните патни правци се проодни, но собраќајот се одвива отежнато поради остатоците на мраз на коловозите.