Третина од жртвите во Ница се муслимани

Локалната исламска организација Сојуз на муслиманите во Алп Маритим денеска соопшти дека најмалку 30 отсто од луѓето убиеи во терористичкиот напад во Ница минатата седмица, биле муслимани.

Портпаролката на Сојузот изјави дека за барем една третина од жртвите во толпата која го чествуваше националниот празник на Франција, се организирани муслимански погреби, пренесува „Њујорк Тајмс”.

Париското обвинителство соопшти дека идентификацијата на сите 84 убиени лица во нападот завршила денеска. Бројот на ранетите во нападот се искачи на 308.

Инаку, идентификацијата на телата на жртвите од нападот во Ница покажа дека од 84 загинати 38 се странски државјани, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Жртвите на терористичкиот напад потекнуваат од 19 држави – Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Унгарија, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и Украина.

Одговорност за нападот презеде ИД.