Третиот напаѓач од Батаклан бил на „црната листа“ на француската полиција

Третиот напаѓач од Батаклан бил на „црната листа“ на француската полиција. Фуед Мухамед Агад незабележано се вратил од Сирија и наводно Турција претходно два пати издала предупредување за него пред нападите во Париз, пишува британски „Гардијан“.

Француските противтерористички единици истражуваат како познатиот џихадист се вратил незабележано во Франција и го извел масакрот во концертната сала Батаклан, каде починаа речиси 90 лица.

Третиот бомбаш самоубиец од концертната сала Батаклан е идентификуван како 23-годишниот Фуед Мухамед Агад од Стразбург, а неговото име било на полициската „црна листа“.

Таткото на Агад: Подобро ќе беше син ми да загинеше во Сирија

Тој останал со Исламска Држава во Сирија откако неговите браќа и пријатели се вратиле во Франција во февруари 2014-тата и биле уапсени и обвинети за поврзаност со терористичката организација. Според членовите на семејството, Агад најверојатно се вратил дома во периодот помеѓу август и ноември годинава.

На 13-ти ноември тој бил еден од командната група од радикализирани Европјани кои извршија серија напади во Париз.

Таткото на Агад, Саид Мухамед Агад изјавил за „Ле Паризиен“:

Тој не лажеше. Рече дека ќе оди на одмор пред две години и замина во Сирија. Мислев дека ќе умре во Сирија или Ирак, а не дека ќе дојде овде за да го стори тоа што го стори. Последен пат со него сле слушнав пред четири или пет месеци на Скајп. Како и вообичаено, не ми кажа каде е лили што прави. Говореше многу за џихадот. Што да речам? Беше како да разговарам со некој поинаков, со некој кому му е испран мозокот. Немав што повеќе да му кажам. Секој пат кога ќе ме побараа очекував дека ќе слушнам дека починал во бомбардирања или нешто друго. Подобро ќе беше да починеше во Сирија, вели таткото.

Од кафуле на границата со Германија до Сирија

Агад е…