Трето продолжение на 74-та седница на Собранието

На третото продолжение на 74-та седница на Собранието денеска на дневен ред е Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година.

Денеска пратениците треба да расправаат и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за учебници за основно и средно образование, Законот за градење, и Кривичниот законик.

На дневен ред се и измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за здравственото осигурување и Законот за учебници за основно и средно образование, како и дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за вработување и работа на странци, Предлог на закон за амнестија, Предлог на закон за пробација, како и автентично толкување на член од Законот за трговски друштва и Информација за загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.