Трето прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе почне третиот наврат од авионската и  од терестричната дезинсекција во 2015 година против комарци на подрачјето на град Скопје, односно:

Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 25.07.2015 (сабота) и 26.07.2015 (недела), во период од 05.30 до 08.00 часот.

Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 26.07.2015 до 29.07.2015 (од недела до среда), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.