Трето прскање против комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2016, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 25.06.2016 (авионско) и 26.06.2016 (терестрично) на подрачјето на град Скопје,  односно:

  1. Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 25.06.2016 (сабота) и 26.06.2016 (недела), во период од 05.30 до 10 часот.
  1. Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 26.06.2016 до 30.06.2016 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.