Третото коло во ЛШ е реалност за Динамо (З) и Партизан

Актуелниот шампион на Хрватска, Динамо (З) и вицешампионот на Србија, тимот на Партизан, важат за апсолутни фаворити и во денешните реванш натпревари од 2. квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Динамо (З) има обврска да ја зачува предноста од два гола која ја има од првиот дуел против претставникот на Литванија, тимот на Жалгирис, а со предност од три гола, фудбалерите на Партизан го стартуваат реванш дуелот против претставникот на Фарски Острови, ХБ Трошван.

Денеска на програмата: Сутјеска – Шериф (0:2 прв натпревар), Дуделанж – Лудогорец (0:4), Левадија – Спарта П. (0:7), Карабах – Валета (1:0), Макаби ТА – Санта Колома (1:0), ТНС – Слован Б. (0:1), ХБ Торшавн – Партизан (0:3), Скендербаг – БАТЕ Б. (0:0), Жалгирис – Динамо З. (0:2), Дебрецин – Клифтонвил (0:0), Селтик – Рекјавик (1:0).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.