петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 31

Тревога во Шведска и Норвешка поради прав во пратка во пошта

police-line

Последни вести

Во Норвешка и Шведска денеска завладеа паника посебно меѓу вработените во поштата заради прав во пратки и од кој повеќе од 40 вработени од поштата во Осло завршија во болница.

Шведски медиуми јавуваат дека 14 луѓе се во болница, бидејќи биле изложени на непозната состојка додека уште 30 се пријавиле за преглед, пренесува МИА.

Тие биле изложени на бел прав бидејќи една пратка била искината. Припадници на полицијата во Осло се во зградата на поштата, а правта е испратена на анализа. Потенцијално опасниот бел прав е пронајден е и во писмо во пошта во јужниот дел од Стокхолм.

Најчитани вести