четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 63

„Трезор“ нов предмет на СЈО

Овој предмет се однесува на груба злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија од страна на три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи.

катица

Последни вести

„Трезор“ е најновиот предмет на Специјалното јавно обвинителство што го објави денеска, а се однесува на економски криминал кој произлегува од прислушуваните материјали.

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференција информира дека овој предмет се однесува на груба злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија од страна на три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи.

Како што рече, тие го оштетиле Буџетот на РМ за 862.042 евра во корист на правното лице Финзи ДООЕЛ Скопје.

Ова е шести предмет на СЈО. Досега отвори пет истражни постапки „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Тврдина“ и „Транспортер“, а поднесе и две обвиненија

Најчитани вести