Тргачевски: Нова измама и лага на Заев и СДСМ

Нов ден, нова измама и нова лага на СДСM и Зоран Заев излегува на виделина. Скандалот со „Санос“ добива огромни размери, вели на денешната прес-конференција Александар Тргачевски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Царината потврди дека „Санос“ нема направено извоз на автобуси, а Заев и неговата влада направиле измама со промоција на нови автобуси. Очигледно тие свесно ја лажеле и манипулирале јавноста. Оваа потврда која доаѓа од Царината отвори сериозни сомнежи дека можеби се работи за голем криминал со перење на пари и неоснован поврат на ДДВ. Зоран Заев со самиот факт што промовираше ваква конструкција од приказна е класичен соучесник и помагач“, е претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тргачевски истакна дека Заев самиот кажа дека ќе доделува директни бенефиции од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство во фирмата „Санос“. Тој самиот рече дека му е големо задоволство да биде присутен на промоцијата на автобуси во „Санос“.

„Вистината по се изгледа е сосема поинаква. Вистината е дека нема производство на нови автобуси во „Санос“. Вистината е дека нема никаков извоз. Впрочем каков извоз да се очекува од фирма која според официјалните податоци од Агенцијата за вработување има само 3-ца вработени. Ова е скандал. Ова е веќе работа со која треба да се позанимава обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ го повикува пред се Јавното обвинителство на Република Македонија, а потоа и МВР и Финансиската полиција, да постапат согласно нивните законски надлежности и да ја разоткријат сомнителната шема во која и Заев има своја улога“, нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тргачевски додаде дека граѓаните тоа секој ден го гледаат и се уверуваат во лагите и малверзациите на новата влада на СДС; и Заев. Граѓаните ова ќе го прекинат со голем пораз кој ќе му го испорачаат на Заев и на СДСМ на претстојните избори.