Македонија

Тргна новиот инвестициски бран!

Тргна новиот инвестициски бран!

Тргна новиот инвестициски бран во Македонија. Се зголемува бројот на странски компании кои носат или се во финална фаза од носењето одлуки за инвестирање во земјава. Последна во низата е американската „Џонсон Контролс“. Гигантот од автомобилскиот сектор, кој веќе има активно производство во Штип, донесе одлука да отвори нов капацитет во Струмица. Инвестицијата од 20 милиони долари ќе креира 1.500 работни места.

„Џонсон Контролс“ по веќе испробаниот рецепт тргнува како браунфилд вложување, и тоа идната година во веќе постоечки објект, а до крајот на 2017-та ќе се трансформира во целосна гринфилд инвестиција. Американските менаџери велат дека е многу остварливо, ако производството оди согласно проекциите, бројот на вработени да се зголеми на вкупно 3.000 луѓе.

– Ние се соочуваме со капацитетски предизвици во Европа, направивме истражувања на пазарот и по проверката на успешноста на капацитетите дојдовме до заклучок дека она што треба да го направиме е да инвестираме токму овде, изјави директорот во компанијата, Вили ван Лои.

Компанијата која прва го скрши мразот и инвестираше во Бунарџик, беше и првиот инвеститор во слободната зона во Штип, а сега по трет пат ќе поставува нови стандарди, што сигнализира дека на Американците им одговара бизнис – климата во Македонија.

– Ова е потврда на нашите напори и активности кои ги правиме за подобрување на бизнис – климата, компаниите не само што инвестираат, туку и реинвестираат, вели првиот човек на слободните зони, Виктор Мизо.

Инвестицискиот план на „Џонсон Контролс“ предвидува до…